„Предлогот на француското претседателство е чекор во вистинската насока, но остануваат голем број прашања кои треба да се разјаснат пред да се укине ветото“, нагласи Румен Радев.

„Барањето за вклучување на Бугарите во Уставот на РСМ задолжително треба да се направи пред почетокот на преговорите. Но, не помалку важни се јасните механизми и мерливите критериуми за искоренување на децениската политика на дебугаризација, кражба и фалсификување на бугарската историја, како и за обновување на уништените споменици и знаци на бугарштината во земјата и за зачувување на бугарското културно наследство, искоренувањето на говорот на омраза и рехабилитацијата на жртвите само затоа што се нарекувале Бугари“, додаде Радев.

Тој очекува бугарската влада да ги разјасни овие прашања, да побара јасни механизми и гаранции.

Радев упати критика кон бугарскиот премиер Кирил Петков истакнувајки дека наместо да внесува француски предлог за решавање на отворените прашања и кревање на ветото за РС Македонија, бугарската влада требало да подготви бугарски предлог, а Петков наместо како курир, требало да се однесува како премиер.

Извор: Трибуна