„Сонувам за моментот, кога меѓу РС Македонија и Бугарија нема да има ниту едно отворено прашање и јас ќе бидам најсреќниот човек на светот, кога никогаш повеќе Македонија нема да добива вето од Бугарија, точно обратно Бугарија ќе биде најсериозниот застапник на нашата европска интеграција и ова го кажувам како граѓанин на РС Македонија, којшто себе си се самоопределува како Бугарин“, изјави Петар Колев, лидер на партијата ГДУ на вчерашната конференција „Граѓански придонес за градење на доверба, заедништво и сојузништво“, што се одржа во Скопје.
Во своето излагање Колев истакна дека предрасудите, стереотипите, стравовите и еднаквоста на граѓаните пред Уставот и законите на државата се предизвик што треба да се реши сега.
„Нема ништо страшно во тоа, ако посериозни политичари, кои што се разбира имаат сериозна доверба од граѓаните и учествуваат во извршната власт или се дел од законодавниот дом, застанат позади една апсолутно праведна кауза, а таа е еднаквоста на граѓаните пред Уставот и законите на РС Македонија“, вели Колев.
Извор: Трибуна