Г-не Бучковски, сакам да Ве прашам. Уште колку години треба да чекаат Бугарите во Македонија за да бидат рамноправни граѓани на таа земја? Ова прашање на специјалниот пратеник на РС Македонија во Бугарија, Владо Бучковски му го постави претседателот на Граѓанско Демократската Унија Петар Колев за време на Софијскиот форум за Западен Балкан што се одржа денеска.
Колев го праша Бучковски дали не е подобро прашањето за човековите права и рамноправноста на македонските Бугари во РС Македонија да биде решено сега и никогаш повеќе да не се отвора.
„Дали не си го поставувате прашањето, ние и утре да започнеме преговори, во одговорите и во комуникацијата впишувањето и правата некогаш кога ќе се отвори Уставот за членството на Македонија во ЕУ, г-нот Паси и почитуваната г-ѓа амбасадорка знаат колку е тежок тој процес. Ние со вас многу добро знаеме дека првото поглавје за кое што треба да се преговара е владеење на правото. Таму барем неколку години ќе треба да преговараме. Додека ги затвориме сите поглавја најверојатно за моја огромна жал по 10 или 15 години и моите деца ќе треба да го водат овој разговор за нивните човекови права во Македонија.
Затоа ве прашувам дали не е поразумно ова прашање сега да го исчистиме за никогаш повеќе да не се отвара?“, праша Колев.
Претседателот на ГДУ го праша и Алберт Муслиу какви чекори треба да превземат македонските Бугари за да можат да ја добијат посакуваната рамноправност како нивните сограѓани Албанци.
Во делот за говорот на омраза Колев подвлече дека никој никому не може да му забрани што и како да зборува, но како непријатен пример токму за таа појава го спомна премиерот Заев, кој го искористи наводното бугарско државјанство на скопската градоначалничка Данела Арсовска, како негативно во предизборната кампања за локалните избори.
„Кога тие зборови ќе бидат кажани од премиер на одредена држава и се користат за политички цели- етничката припадност или евентуалното државјанство на некој од кандидатите, за некаква функција во Македонија на пр. градоначалник на Скопје, дали тоа не е прашање, што сите треба да не обедини и да му кажеме: „Господине Заев тоа не се прави така, тоа не е патот, така не се прави!“, изјави Колев.
Погледнете во видеото што следи целото излагање на Петар Колев, неговите прашања до Алберт Муслиу и Владо Бучковски и нивните одговори:
Извор: Трибуна