„Според нас сегашната позиција на Бугарија во однос на РС Македонија не треба да се менува додека Бугарите во земјата не добијат рамноправност, додека не се смени Уставот и не се внесе зборот Бугари во него“, изјави лидерот на ГДУ, Петар Колев, во емисијата „Говори сега“ на Бугарската национална телевизија.
Според Колев, претседателот Радев и премиерот Петков, јасно ги формулирале пред европските држави нештата што Бугарија ги очекува. Колев е дециден дека процесот на евроинтеграција треба да зависи од резултатите а не од поставените рокови.
„Спорните точки во меѓусебните односи меѓу Софија и Скопје можат да бидат решени со дијалог“, додава Колев.
На прашањето кој има корист од тоа пред Европа да се претстави слика дека во РС Македонија нема никаков проблем со Бугарите, Петар Колев истакна дека македонската Влада обезбедила 30 милиони евра за сериозна меѓународна кампања против Бугарија и против Бугарите во РС Македонија.
Колев најави дека ќе побара средба со новиот премиер Кирил Петков и на истата средба ќе го отвори прашањето за правата на Бугарите во РС Македонија.
Видеото погледнете го овде.
Извор: Трибуна