Годинава курбанот што го раздаваме секоја година е посветен на жртвите по патиштата и посебно на нашите браќа од РС Македонија кои загинаа на автопатот Струма. Курбанот е и во нивен помен.
Ова пред камерата на бугарската телевизија Нова го изјави кметот на бугарското село Забрдо, Валентин Черпоков, кој што е иницијатор на овој веќе традиционален настан во ова бугарско село.
Годинава курбанот се одржа на автопатот Смолјан- Пловдив и беше раздаден на возачите кои поминуваат од таму, заедно со 2000 икони на Св. Богородица.
Минатата година курбанот на село Забрдо беше посветен на медицинските работници кои работеа на прва линија во борбата против корона вирусот и истиот беше раздаден на вработените што работат во болницата во Смолјан и околината.