„Нашите партнери од ЕУ ги прифаќаат нашите аргументи, но тие не можат целосно да не разберат. Во моментот во кој Бугарија јасно го постави прашањето за непочитувањето на човековите права во Македонија, тоа е сериозниот аргумент, којшто се разбира од нашите партнери“, изјави вицепретседателката на Бугарија Илијана Јотова во емисијата „Уште од денот“ на Бугарската национална телевизија.
Според Јотова нема подобро место од Консултативниот совет за национална безбедност, каде во јануари следната година ќе се разговара за преговорите на РС Македонија со ЕУ.
„Сметам дека е наша грешка фактот, што кога говориме за влезот на РС Македонија забораваме на Албанија. Мој став е дека двете земји не треба да одат заедно“, додава Јотова.
„Безбедноста на регионот треба да се разгледува во поширок варијант, бидејќи тука малку се зборува за БиХ, каде што во моментот има тензии. Токму затоа работите не треба да се гледат на делови. Бугарската позиција треба да биде многу добро потготвена и категорична“, децидна е Јотова.
Видеото погледнете го овде.
Извор: Трибуна