Пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска при реплика на опозицијата во врска со кредибилитет и легитимитет на новата Влада од собраниската говорница истакна дека во демократиите во светот неретко е власта на Владата да ја има една политичка опција, а опозицијата да ги добила локалните избори и никој не слушнал дека некој го оспорува легитимитетот.
„Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред некое време најави дека ќе се обиде да формира ефикасна политичка Влада, која ќе биде способна да ги решава предизвиците и тоа ќе го направи доколку биде сигурен дека тоа ќе биде влада со сериозен кредибилитет и Влада со силни институции. Одговорете ми од каде ќе го извлече легитимитетот, а не беше на листите за парламентарни избори“, нагласи пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска.
Таа додаде дека Владата ја гласа парламентарно мнозинство, кое дефакто го има и неретко се случува во Владата да има коалиции, некој да ја напушти некој да влезе.