Бугарија ja потврди својaта позиција во однос на почетокот на преговори за членство на РС Македонија во Европската Унија. Владата мора да ја спроведува националната позиција на Бугарија. Ова го одлучи Консултативниот совет за национална безбедност по денешниот состанок, јави БГНЕС.
Давањето согласност за почеток на преговорите за членство во ЕУ на РС Македонија не треба да биде врзано со рокови, туку со реални резултати, вклучително, подвлекувам и во однос на правата на македонските Бугари. Ова го изјави претседателот Румен Радев по состанокот на Консултативниот совет, чија тема беше евроинтеграцијата на РС Македонија.
„Ние никогаш не сме го негирале и не го негираме правото на граѓаните на РСМ да се определат врз основа на сопствената самосвест и да си ги чуваат јазиците во согласност со уставот на земјата. Бугарија инсистира на целосната рамноправност на македонските Бугари со останатите народи во РСМ. Политиката на дискриминација на македонските Бугари, 120.000 луѓе, неодамна ескалира, потсети Радев. Правата на македонските Бугари се клучна точка во копенхашките критериуми за членство во ЕУ и за нив не може да се преговара. Потребна е сеопфатна и интензивна акција за да се врати довербата и да се засили соработката. Од особена важност се проектите за обезбедување транспортна и дигитална инфраструктура со акцент на Коридорот 8. Тоа ќе даде поттик на преговарачкиот процес, додаде Радев.
Извор: Трибуна