По скандалозното пеење на лидерот на ДУИ на песна за диктаторот Енвер Хоџа скандалот се продлабочува.
Откриени уште подлабоки „корени“ на ДУИ со Енвер Хоџа, пишува денеска порталот Алмакос.
Предходно на социјалните мрежи е дистрибуирана видео снимка која ја обезбеди Алмакос на која се гледа како лидерот на ДУИ Али Ахмети со душа и срце му пее на озлогласниот диктатор Енвер Хоџа.
Во меѓувреме, интелектуалци Албанци објавија уште едно видео кое датира од 2014 година, кога Здружението на Воени Ветерани – УЧК и ДУИ ја одликувале сопругата на Енвер Хоџа, Неџмије Хоџа, инаку позната како „Црната дама“.
Манифестацијата „Јануарски пламен“, организирана од ЗВВ-УЧК на 17 јануари 2014 година во Кичево, се одржала во чест на браќата Гервала, кои беа убиени во Германија од српската УДБ.
Според информациите на порталот Алмакос, на овој настан учествувале и многу министри и високи функционери на ДУИ, но и синот на диктаторот Енвер Хоџа, Илир.
До тука веста не би била скандал, но како што не информираа, на овој настан Илир Хоџа не бил тукутака дојден, туку за да подигне благодарница од „вујкото“ на Али Ахмети во име на неговата мајка Неџмије Хоџа. Многу луѓе револтирани ја нспуштиле манифестацијата во знак на протест кон овој срамен чин, каде што името на браќата Гервала се меша со еден диктатор, пишува порталот.
Тука јасно се гледа дека ЗВВ-УЧК на Фазли Велиу ги застапува чувствата на неговиот внук Али Ахмети, кој и во својата книга со интервјуа отворено ја изразува својата симпатија кон комунизмот на Енвер Хоџа, пишува Алмакос.
Церемонијата на доделување на орден за Црната вдовица ја води ,,вечниот” директор на албанскиот театар во Скопје Аднан Јајага.
Видеото видете го на овој линк.