Русија ќе се обиде да отвори нов фронт против Украина од Молдавија, според украински воени извори, пишува Тајмс.
Еден извор рече дека има „број на индикатори“ кои укажуваат на напад во блиска иднина врз поранешната советска држава, која има само 3.250 војници во својата армија. Успешното преземање ќе доведе до преселба на руските трупи во црноморското пристаниште Одеса, во Украина, од запад.
Британски Тајмс, додава дека инвазијата врз поранешната советска република би можела да се случи на 9 мај. Според британското издание на 9 мај, рускиот претседател Владимир Путин може да прогласи признавање на независноста на Придњестровско Молдавска Република. Тоа би довело до реализација на „сценариото Донбас“ и би било непосредна закана за територијалниот интегритет на Молдавија.
Според украинските разузнавачки извори, цитирани од Тајмс, има голем број сигнали кои укажуваат дека во блиска иднина може да има напад врз поранешната советска република, чија армија има само 3.250 војници.
Отсега има активност на аеродромот во Тираспол, главниот град на меѓународно непризнатата Придњестровска Република. Можно е Русите да се обидуваат да ги префрлат своите војници во авионите ИЛ-86 кои полетуваат од окупираниот Крим. Во исто време, во главниот град Кишињев треба да се организираат немири и протести.
Британскиот весник пишува дека оваа информација не се совпаѓа со оценките на западните разузнавачки служби, кои сметаат дека Русија нема доволно можности безбедно за таа рута без ризик од соборување авиони во регионот на Одеса од страна на украинската противвоздушна одбрана.