Прославениот холивудски глумец Џорџ Клуни (64) веќе повеќе од една деценија ужива во бракот со адвокатката за човекови права Амал Клуни (47), со која пред осум години ги доби близнаците.

Тој е среќен што во улогата на татко се остварил подоцна од своите врсници.

Глумецот дал пократко интервју за „Тајмс“ во кое зборувал за тоа како луѓето најчесто мора да жртвуваат време поминато со семејството за да се посветат на работата и да градат кариера, што нему не му се допаѓа.

„Но погледнете ме мене, мене ми е полесно. Децата ги добив многу доцна и така потоа можев да поминувам многу повеќе време со нив. Кога сте млади, тоа е многу тешко“, рекол Клуни.

И Џорџ и Амал се трудат да им обезбедат мирно детство, далеку од медиумите и сите холивудски случувања, па животот во Лос Анџелес го замениле со фарма во Франција.

„Бев загрижен околу одгледувањето на нашите деца во Лос Анџелес. Чувствував дека никогаш нема да добијат фер шанса во животот. Културата во Франција многу се разликува од американската, таму на луѓето не им е грижа за славата. А јас не сакам нашите деца да ги споредуваат со децата на други славни личности“, заклучил тој.

Текстот Џорџ Клуни: Децата ги добив многу доцна и поради тоа ми е многу полесно е превземен од МАКФАКС.