Џенифер Лопез изјави дека е многу возбудена што нејзините 17-годишни близнаци Макс и Еме наскоро заминуваат на факултет. Во разговор за „Ентертејнмент Тудеј“, таа рече дека се чувствува добро и дека не може да поверува колку далеку стигнале заедно, истакнувајќи дека ги одгледувала сама уште од нивната трета година.
Пејачката додаде дека е горда што нејзините деца израснале во млади луѓе подготвени за сопствениот живот и дека е среќна што знаат дека секогаш имаат дом во кој можат да се вратат.
Иако е светска ѕвезда, Лопез откри дека на нејзините деца им е најважно таа да биде дома и присутна. Сепак, тие ја поддржуваат и биле присутни на нејзините настапи во Лас Вегас, а таа вели дека се горди на својата мајка.
Фото: Depositphotos
Текстот Џенифер Лопез: Многу сум возбудена, близнаците заминуваат на факултет е превземен од МАКФАКС.





















