Познатата актерка Џејми Ли Кертис откри дека направила пластична операција на 25 години и дека тоа денес го смета за една од најголемите грешки во животот. Одлуката ја донела по навредлив коментар на снимање во 1985 година, по што направила корекција на подочниците, но, како што вели, зажалила веднаш.

Таа истакна дека искуството ја поттикнало да стане силен поддржувач на природниот изглед и самоприфаќањето, предупредувајќи дека естетската индустрија и филтрите на социјалните мрежи создаваат нереални стандарди за убавина.

Кертис неодамна изјави дека масовната употреба на филери и операции претставува „геноцид над генерација жени“, додавајќи дека ваквите трендови го бришат природниот човечки изглед. Таа јавно ги советува и своите ќерки да не прават интервенции на лицето, нагласувајќи дека „кога еднаш ќе се вмешаш во лицето, нема враќање назад“.

Фото: depositphotos

Текстот Џејми Ли Кертис: Направив пластична операција на 25 години и се каам е превземен од МАКФАКС.