Новиот премиер Талат Џафери вели дека нема комплекс со што ќе се вози, односно кое ќе биде неговото службено возило. Тој вели дека тоа е задача на институцијата, односно таа треба да обезбеди и да одлучи по ова прашање.

-Иронијата на ’мерцедесот’ не му служи никому. Владата има компетенции и одговорности со Устав и со закон, ако одите по уредбата за обврската за создавање на безбедносни услови за вршителите на трите највисоки функции во државата, има посебни одредби. Но, се знае дека во државата во моментот целосно не можат да се обезбедат тие предуслови. Седум години сум бил претседател на Собранието, па не сум прашал со што ќе се возам. Тоа е обврска на институцијата која треба да обезбеди соодветни предуслови за извршување на функцијата, изјави Џафери.