Кинескиот претседател Шји Џјинпинг започна турнеја низ Југоисточна Азија со цел да промовира слободна трговија и да ја претстави Кина како извор на „стабилност и безбедност“, пренесува АП.

За време на оваа посета, тој ќе разговара за подобрување на трговската соработка меѓу Кина и земјите од Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН), според написите.

Официјални лица во Пекинг наведуваат дека Кина сака да ги зајакне економските врски во регионот и да обезбеди стабилност во време на глобални економски тензии предизвикани од новите трговски мерки на САД.

Текстот Џјинпинг во посета на Југоисточна Азија: Кина е извор на стабилност и безбедност е превземен од МАКФАКС.