Актерот Џорџ Клуни некогаш беше една од најбараните ѕвезди на романтичните комедии, но во последните години се оддалечи. Сега Клуни ја откри причината за неговото повлекување од романтичните комедии и влегувањето во нова фаза од кариерата, пренесува „Дејли мејл“.

„Видете, јас имам 63 години, не се обидувам да се натпреварувам со 25-годишни мажи. Тоа не е моја работа, повеќе не снимам романтични филмови”, рекол актерот кој од најпосакуваниот ерген во Холивуд стана сопруг и татко. Откако се ожени со меѓународната адвокатка за човекови права Амал во 2014 година и ги доби близнаците Александар и Ела во 2017 година, неговиот живот се промени, а исто така и неговата кариера.

Иако не беа секогаш романтични комедии во прашање, Клуни со својот шарм и на акционен филм ќе да му даде романтично чувство.

На пример, филмовите „Оушн 11“ и „Оушн 12“ не се романтични комедии, но поради тензијата и хуморот што им ги донесе со својата колешка Џулија Робертс, тие направија секоја заедничка сцена да изгледа како ром-ком. Ако зборуваме за романтични драми, тогаш тие содржат доволно хумор за да изгледа како романтична комедија.

Последниот ром-ком на Клуни беше „Билет за рајот“ од 2022 година, кој заработи скоро 169 милиони долари наспроти буџет од 60 милиони долари. Тој и Џулија Робертс повторно се обединија за да глумат разведени родители кои се здружуваат за да ја спречат свадбата на нивната ќерка на Бали.

Друг фактор, кој Клуни не го спомна, е тоа што романтичните комедии ја немаат истата привлечност како порано, а студијата произведуваат сè помалку од нив, додека останатите честопати се објавуваат директно на стриминг услугите, каде што брзо се забораваат. Причината за ова можеби е што некои ги гледаат кината како искуство достојно за филмови со голем буџет, додека некои го потценуваат квалитетот на романтичните комедии и ги сметаат за помалку важен жанр.

Клуни не ја крие возбудата за неговиот ангажман на Бродвеј со претставата „Добра ноќ и со среќа“ во која ќе го игра легендарниот новинар Едвард Р. Мароу. Клуни веќе е запознаен со овој материјал бидејќи работеше на истиот, само за филмската верзија која беше хит на бокс офисот. Филмот заработи 54,6 милиони долари наспроти буџет од 7 милиони долари и шест номинации за Оскар.

Клуни треба да се појави и во претстојниот филм на Нетфликс, долгометражната драма „Џеј Кели“, во режија на Ноа Баумбах, која исто така го напиша сценариото со Емили Мортимер, а во главните улоги се Клуни, Адам Сендлер, Лора Дерн, Били Крудап, Рајли Киу, Џим Бродбент и други.

Текстот Џорџ Клуни не сака повеќе да снима романтични комедии: „Не се ни обидувам да се натпреварувам со 25-годишници“ е превземен од МАКФАКС.