Судењето меѓу поранешните сопружници стана главна тема на светските медиуми, а кариерата на актерот е во сериозна криза откако Амбер го обвини за насилство.
Џони Деп ја тужеше својата поранешна сопруга Амбер Херд за клевета и бара 50 милиони долари за наводите за семејно малтретирање што таа ги изнела во напис за Вашингтон пост.
Во новото сведочење долгогодишниот агент на актерот откри колку милиони се изгубени поради обвинението за семејно насилство.
На новото рочиште за мултимилионската тужба меѓу Амбер Херд и Џони Деп сведочеше Џек Вигам, долгогодишниот агент на Деп од агенцијата „Креативни уметници“, кој заработи милиони за актерот во филмската индустрија.
Тој тврди дека неговиот клиент изгубил 22,5 милиони долари откако поранешната сопруга го обвинила за злоупотреба во медиумите, со што му го нарушил угледот во Холивуд.
Наводно, Деп бил при крај со преговорите за шестото продолжение на „Пиратите од Карибите“ во кое тој ја има главната улога и дека со овој ангажман требало да се платат 22,5 милиони. Меѓутоа, по контроверзниот напис од 2018 година, овој проект пропадна и Деп остана без пари.