Исламските екстремисти фрлија бомба врз популарен ресторан во Могадишу, Сомалија, при што загинаа најмалку шест лица, соопштија здравствените власти.

Advertisements

Експлозијата се случила синоќа за време на ифтар, првиот оброк во денот по зајдисонце за муслиманите кои постат за време на Рамазан.
Ресторанот често го посетуваат владини претставници.

Според информациите, во нападот загинале шест цивили, а седум биле повредени. Од експлозијата е причинета голема материјална штета.

Одговорноста за нападот ја презеде сомалиската екстремистичка група Ал Шабаб.

Прикажи повеќе