Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс, синоќа изјави дека давање на Американците „економска можност“ во иднината на Украина ќе послужи како „најдобра“ безбедносна гаранција и дека тоа треба да се направи.
„Ако сакате вистински безбедносни гаранции, ако навистина сакате да се осигурате дека (рускиот претседател) Владимир Путин повторно нема да ја нападне Украина, најдобрата безбедносна гаранција е да им дадете на Американците економска можност во иднината на Украина“, рече Венс, мислејќи на договорот за минерали предложен од претседателот Доналд Трамп.
Тој смета дека „тоа е многу подобра гаранција за безбедност од 20.000 војници од некоја случајна земја која не била во војна 30 или 40 години“.
Претседателите на Соединетите Американски Држави и Украина во петокот се вклучија во жестока дебата во Овалната соба, при што Трамп и потпретседателот Џеј-Ди Венс постојано го напаѓаа Зеленски, обвинувајќи го дека е неблагодарен за годините на американската воена и економска помош за воено разурната Украина.
Текстот Џеј Ди Венс: Најдобра гаранција за безбедноста на Украина е економска соработка со Америка е превземен од МАКФАКС.