Kако што објави новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски, Филаделфија ги завршила сите разговори во врска со трејдот на Џејмс Харден и франшизата со никого не постигнала договор. Тоа значи дека искусниот кошаркар кој ја покрива плејмејкерската позиција ќе настапува за Сиксерси и во сезоната 2023/24.
Сегашниот план е Џејмс Харден да се приклучи на остатокот од тимот во тренинг кампот, откако пропаднаа разговорите со Лос Анџелес Клиперс, каде Харден сакаше да ја продолжи кариерата.
Тој ја прифати опцијата да остане во тимот и веднаш побара трејд, а тимот сакаше да му излезе во пресрет. Сепак, шампионските амбиции на Филаделфија се поклопуваат со желбите на Џејмс Харден и тој навистина не сакаше по секоја цена да си замине, поради што реши да остане