Џенифер Лопез се соочува со тужба откако објави фотографии од себе од холивудска забава на социјалните мрежи, а фотографот и папарацо агенцијата тврдат дека немала дозвола за тоа.
Пејачката и актерка сподели фотографии од нејзиното пристигнување на забавата на Amazon MGM Studios и Vanity Fair во Лос Анџелес, ноќта пред овогодинешните Златни глобуси во јануари. Фотографот Едвин Бланко и агенцијата „Бекгрид“, за која работел, поднесоа одделни тужби тврдејќи дека ги поседуваат авторските права за две од фотографиите.
Во тужбата се тврди дека фотографиите биле користени за промоција на јавните појавувања на пејачката Лопез, зголемување на ангажманот на корисниците на социјалните медиуми и создавање кредибилитет за нејзината брендирана содржина. „Бекгрид“ и Бланко бараат отштета до 150.000 американски долари по фотографија.
@bbcnews J-Lo has faced legal action before – in 2019 and again in 2020 – for sharing photos taken of her by others. #JLo #JenniferLopez #LosAngeles #Amazon #VanityFair #GoldenGlobes #Paparazzi #EntertainmentNews #US #BBCNews ♬ original sound – BBC News
На фотографиите, Лопез е прикажана во бел фустан и бело палто од вештачко крзно пред хотелот „Шато Мармонт“. Таа ги објави на Инстаграм и Икс со натпис GG Weekend Glamour, по што беа споделени од бројни обожаватели.
„Неовластеното користење на фотографиите од страна на г-ѓа Лопез има комерцијална цел и е наменето за самопромоција“, се наведува во тужбите. „На пример, Лопез ги искористи фотографиите за да ги истакне дизајнерите на нејзината облека и накит, користејќи го медиумското внимание на настанот за да ги промовира своите модни врски и соработки со брендови.“
Важно е да се напомене дека лицето на фотографијата не ги поседува автоматски авторските права – овие права обично му припаѓаат на фотографот или на компанијата за која работи, и тие одлучуваат кој може да ги користи фотографиите и по која цена. Во правните документи се наведува дека „Бекгрид“ и Бланко контактирале со претставниците на Лопез откако биле објавени фотографиите и се согласиле за хонорар, но дека таа сè уште не го потпишала тој договор.
Лопез и претходно беше тужена – во 2019 година и повторно во 2020 година – за споделување фотографии направени од други фотографи.
Текстот Џенифер Лопез е тужена затоа што објавила фотографии од себе е превземен од МАКФАКС.