Џенифер Анистон пристигна на премиерата на четвртата сезона од нејзината серија „Утринско шоу“ со посебна поддршка – новото момче Џим Кертис.

Парот, чија врска беше потврдена во јули, се појави на настан во Музејот на модерна уметност во Њујорк, што е едно од нивните први заеднички јавни појавувања, пишува „People“.

Додека Анистон позираше за фотографите во елегантен црн фустан со колегите Рис Витерспун, Били Крудап и Марк Дуплас, Кертис гордо ја бодреше од страна. Облечен во лежерен црна комбинација, беше забележан како се смее додека стоеше покрај црвениот тепих.

фото: принтскрин

Текстот Џенифер Анистон пристигна на премиерата на четвртата сезона од нејзината серија со своето ново момче е превземен од МАКФАКС.