Премиерот Димитар Ковачевски утре во Клубот на пратениците ќе одржи средба со партнерите од владината коалиција, потврдија за МИА од Владата.

Станува збор за редовна средба за тековните активности и политички случувања.

Во пресрет на утрешната средба, како што  информираат од СДСМ, вечер седници ќе одржат Централниот  и Извршниот одбор на оваа партија.

Од Владата и од СДСМ дополнително ќе информираат за времето на седниците на ЦО и ИО и на средбата на премиерот со коалциските партнери.