Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, денеска изјави дека Русија досега успеала да им одолее на санкциите и затоа Варшава се обидува да смисли нови ограничувања.

Advertisements

На прашањето дали земјата ќе преземе нешто по прекинот на испораката на гас, Моравјецки рече дека властите на земјата ќе направат сè Русија да биде одговорна според договорот, бидејќи нејзините постапки ги прекршуваат законите и тој договор.

„Како што можеме да видиме, Русија засега, за жал, успева доволно добро да им одолее на санкциите. Во тој поглед, Полска се обидува да организира процес за смислување на дополнителни пакети санкции“, рече Моравјецки на прес-конференција, а пренесува агенцијата ТАСС.

Полскиот претседател, Анджеј Дуда, пак, најави дека земјата ќе преземе соодветни правни чекори против рускиот енергетски гигант „Гаспром“.

Русија денеска го направи истото и за Бугарија. Москва бара непријателските земји да го платат рускиот гас во рубли, што беше отфрлено и од Полска и од Бугарија.

Дуда најави дека од „Гаспром“ ќе побара соодветна компензација поради прекршување на договорот./Makfax