Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, во утринското интервју за „Слободен печат“ информираше дека за многу кратко време ќе имаме отприлика над 10 лека ставени на позитивната листа на лекови.

Ова е многу сензитивна точка, 15 години не е ревидирана, ажурирана позитивната листа на лекови. Постапивме многу сериозно и еден мој главен приоритет кога дојдов како министер кажав дека ќе биде позитивната листа. Ние тогаш немавме јасни протоколи, немавме стручна комисија, ние направивме сѐ и веќе комисијата неколку пати заседава, има состаноци, многу интензивно работат. За кратко време, ќе имаме двоцифрен број веќе ставен во позитивна листа за најголемите дијагнози – кардиоваскуларни, онколошки, невролошки што ќе има терапија за тие дијагнози. И ќе бидат отприлика над 10 лека“, рече Меџити.

Тој посочи дека досега се разгледани околу 36 апликации, од кои 22 се оригинатори, 10 генерички и 4 се ентерална нутриција.

Меџити истакна дека денеска ќе бидат разгледани уште 28 нови апликации, а за следната година се побарани дополнителни 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивната листа.

Листата ќе ја ажурираме два пати годишно и тоа ќе биде во октомври и април. Но, сега гледаме дека има потреба повеќе пати годишно да се разгледа и да се внесуваат лекови за да се ублажи оваа потреба за лекови на позитивна листа, изјави Меџити.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.