Во тетовската полиција поднесена е кривична пријава против 21-годишниот В.Ф. од Гостивар поради сомнеж за измама.
Во текот на април 2025 година, пријавениот довел во заблуда лице од селото Тумчевиште така што склучиле договор за купопродажба на патничко возило. Му го земал возилото „ауди“, за да го однесе на мајстор за поправка со ветување дека потоа ќе отидат на нотар и ќе му ја плати договорената сума.
Според информацијата од МВР, „купувачот“ потоа ниту се јавил, нуту го вратил возилото.
Текстот „Ќе го однесам на мајстор, па одиме на нотар“ – измама при купопродажба на возило, сопственикот остана без своето „ауди“ е превземен од МАКФАКС.