Американскиот претседател Доналд Трамп денес треба да објави дека САД ќе се согласат на трговски договор со Обединетото Кралство, изјавија за „Њујорк тајмс“ три извори запознаени со плановите.
Кратко по објавувањето на веста, британската фунта порасна за 0,4% во однос на американскиот долар, според „Скај њуз“.
Трамп претходно најави дека денес ќе објави голем трговски договор во Овалната соба, без да прецизира со која земја е постигнат.
Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social вчера, тој напиша дека прес-конференцијата на која ќе биде објавен договорот ќе се одржи со „претставници на голема и многу респектабилна земја“.
Тој не откри повеќе детали, но рече дека објавата ќе биде „прва од многуте“. Портпаролот на Белата куќа одби да коментира за извештајот на „Њујорк тајмс“.
Високи функционери на Трамп одржаа серија состаноци со трговски партнери во последните недели откако американскиот претседател го прогласи 2 април за „Ден на ослободувањето“ и воведе царини и за геополитичките ривали и за сојузниците на САД.
Потоа Трамп воведе царина од 10% за повеќето земји, вклучително и за Обединетото Кралство, заедно со повисоки „реципрочни“ царини за многу трговски партнери. Сепак, овие реципрочни тарифи подоцна беа суспендирани 90 дена.
Текстот Њујорк Тајмс: Трамп денес ќе го објави трговскиот договор со Велика Британија е превземен од МАКФАКС.