Севернокорејските војници кои за првпат им се придружија на Русите, имаат непречен пристап до Интернет, кој го користат за гледање порнографија, дознава „Фајненшл тајмс“ од добро информиран извор, објави „Њујорк пост“.
Војниците од „изолираното кралство“ се бореа за првпат во Украина во понеделникот, но нивната борба наводно почнала многу пред да стапнат на бојното поле, и тоа, против сопствените демони, се вели во извештајот.
Нивната битка започнала кога добија бесплатен и непречен пристап до интернет.
„Обично сигурен извор ми кажува дека севернокорејските војници распоредени во Русија никогаш порано немале неограничен пристап до Интернет. Како резултат на тоа, тие се навлечени на порнографија“, напиша колумнистот на Фајненшл Тајмс, Гидеон Рахман на социјалната мрежа „Икс“.
A usually reliable source tells me that the North Korean soldiers who have deployed to Russia have never had unfettered access to the internet before. As a result, they are gorging on pornography.
— Gideon Rachman (@gideonrachman) November 5, 2024
Рахман не одговори на прашањето како неговиот извор ги знае интернет навиките на 10.000 севернокорејски војници испратени од Ким Џонг Ун да ги поддржат воените напори на Путин.
Кремљ не одговори на барањето на Њујорк пост за коментар.
Текстот „Њујорк пост“: Севернокорејските војници во Русија првпат добија пристап до Интернет и се навлекоа на порнографија е превземен од МАКФАКС.