Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген може да ја продолжи кариерата во Англија. Според „Скај Спорт“, Њукасл сака да го придобие 29-годишниот германски репрезентативец.
Англискиот клуб понуди 55 милиони евра за Тер Штеген.
Договорот на голманот со каталонскиот клуб е со важност до 2025 година.
Оваа сезона Тер Штеген учествуваше на 13 натпревари на сите турнири и прими 15 гола. На четири средби ја зачува мрежата „сува“. (МИА)