Њукасл јунајтед нема намера да ги слушне понудите за Александер Исак. Швеѓанецот игра фантастично оваа сезона во Премиер лигата, на 21 натпревар постигна 17 голови и забележа пет асистенции.

Клубот од северна Англија има намера да го задржи најдобриот играч. Исак ќе добие но договор и зголемување на платата.

Голем број европски гиганти се распрашуваат за Исак, вклучително и ривалите од лигата на Њукасл, Арсенал и Манчестер јунајтед.

Њукасл инсистира дека тој не е на продажба. Договор на Исак со Њукасл истекува во јуни 2028 година.

Текстот Њукасл му нуди нов договор и поголема плата на Исак е превземен од МАКФАКС.