Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Котор, Црна Гора, присуствуваше и се обрати на првиот состанок на министрите за култура од Западен Балкан, во организација на Британскиот совет, а во партнерство со Министерството за култура на Црна Гора. Состанокот се одржа како дел од Берлинскиот процес 2025, чиј домаќин оваа година е Обединетото Кралство. Оваа денешна средба во Котор, Република Црна Гора, претставува прво вклучување на министрите за култура од Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес.

„Во време кога економскиот раст се мери не само преку индустриска продукција, туку и преку културна длабочина и креативен капацитет, потребно е да ја препознаеме стратешката вредност на спојот меѓу културата и туризмот. Ваквите и слични собири мораме да ги користиме за сеопфатно да ја осмислиме нивната синергија како двигател на креативната економија – економија што расте од идеи, се храни со иновации и се темели на човечките вредности“, истакна Љутков на состанокот.

Текстот Љутков: Потенцијалот на културата и креативната економија како движечка сила за одржлив економски развој е превземен од МАКФАКС.