Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Тони Коњановски, денеска во Битола присуствуваше на отпочнување на реализација на капиталниот проект за реконструкција и адаптација, на поранешното кино Партизан.

Љутков истакна дека проектот, вреден 96 милиони денари, претставува прв сериозен чекор кон новата културна иднина на градот.

„Како што ветив и при мојата неодамнешна посета, денес, во Битоа започнуваме со реализација на капиталниот проект за реконструкција и адаптација, на поранешното кино Партизан вреден 96 милиони денари. Изведувач е битолската компанија „БВ Инженеринг ДООЕЛ“, а надзор врши „ЗИМ“ од Скопје. Реализацијата на проектот е предвидена до крајот на 2026 година“, рече министерот Љутков.

Министерот Љутков истакна дека затекнал нереализирани и закочени проекти, поради што Министерството посветено и системски работело на на откочување на наследените проекти, на нивна правна и финансиска консолидација и, пред сè, на создавање реални услови за нивна вистинска реализација.

„Во изминатиот период посветено, одговорно, фокусирано и системски работевме на откочување на наследените проекти, на нивна правна и финансиска консолидација и, пред сè, на создавање реални услови за нивна вистинска реализација. Затоа ова не е обичен проект. Ова е доказ дека кога има волја – има резултати“, рече Љутков.

Текстот Љутков од Битола: Започна реконструкција и адаптација, на поранешното кино Партизан, капитален проект вреден 96 милиони денари е превземен од МАКФАКС.