Акцијата за наплата на долговите на рати без камата е во тек и истата завршува на 2 април, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.

„Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица, која започна на 17.02.2025 год е со определен временски рок и завршува на 02.04.2025 год. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период, одлуката престанува да важи“, се наведува во соопштението.