Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот.

Јавната дискусија за четвртите лоцирани во Општина Ѓорче Петров ќе се одржи на 15 август со почеток во 9 часот во салата на Град Скопје барака 13 и тоа за Градска четврт СЗ 20 (од 9 до 10 часот), C3 21 (од 10 до 11 часот), C3 24 (од 11 до 12 часот) и C3 25 (од 12 до 13 часот).

„Граѓаните можат да дадат свои предлози мислења и забелешки за време на јавната дискусија а истите можат да ги достават и писмено во архивата на Град Скопје барака 16 или електронски на адресата [email protected]“, се наведува во соопштението.

Град Скопје ги повикува сите заинтересирани граѓани и претставници на заедницата активно да се вклучат во овој процес од јавен интерес./Макфакс

Текстот Јавна дискусија за ДУП во Ѓорче Петров, граѓаните може да се вклучат е превземен од МАКФАКС.