Појавата на нарачана изработка на магистерски и докторски трудови мора да запре.

Ова го изјави министерката за образование, Весна Јаневска и нагласи дека Министерството веќе работи на воведување стандарди и мониторинг во високото образование со тоа што веќе во неколку државни универзитети се одземени неправилно стекнати звања и дека одредени лица се отпуштени од работа.

-Таа појава мора да запре. Како министерство веќе сериозно работиме на тоа да воведеме стандарди, но и мониторинг на случувањата во високото образование. Веќе е јавна тајна во Македонија дека се случуваат вакви неправилности, вели Јаневска.

Она што го правиме секојдневно според можностите кои ни ги дава законот и според човечките капацитети кои ни се на располагање, е да сме присутни во сите високообразовни институции и научни институции.

Во неколку државни универзитети веќе се одземени неправилно стекнати звања. Одредени луѓе се отпуштени од работа.  Сериозно разговараме со Универзитетите, кои имаат своја автономија која максимално ја почитуваме и ќе ја почитуваме, да направат серозни промени и во студиските програми, но и во начинот на кој ги избираат кадрите кои треба понатаму да ги образуваат младите, рече министерката.