На поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески незаконски му бил продолжуван домашниот притвор во случаите „27 април“ и „Шпански скали“, одлучи денеска Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП), објави 360 степени.
Имено, Судот утврдил недостиг на доволни причини на неговото лишување од слобода и ненавремено разгледување на жалбите кои се поднесувани за притворите.
„Предметот се однесува на две кривични постапки против г. Јанакиески, првата за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а втората за злоупотреба на службената положба, при што со одлуки на домашните судови тој беше лишен од слобода. Потпирајќи се на член 5 (право на слобода и безбедност) од Конвенцијата, г. Јанакиески се жали на наводна незаконитост и самоволие, немање релевантни и доволни причини и недостиг на брзо преиспитување на неговото лишување од слобода. Утврдена е повреда на член 5 став 3 поради немање доволно причини за лишување од слобода на жалителот и повреда на член 5 став 4 поради недостиг на ‘брзо’ преиспитување на лишувањето од слобода на жалителот“, се наведува во пресудата на ЕСЧП, а пренесува 360 степени.
Европскиот суд прифатил и дека Јанакиески претрпел штета поради незаконските притвори. Одредена му е отштета од 3 900 евра.
Целата вест на 360 степени.























