Поранешната дописничка од Белград, Лилјана Јаковлевска  во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека Македонија многу лошо се држи во ситуацијата меѓу Косово и Србија.

Според неа, земјава треба да реагира како Албанија или Хрватска.

„Мора да застане и да заземе свој став на сето ова. ДОста е веќе тој наш став дека ние ако не сме со Србите, албанското прашање ќе ни измакне или ќе биде вака и онака. Македонија со еден збор се уште води просрпска политика“, порача Јаковлевска.