Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња, реагира на социјалните мрежи лидерот на ГРОМ и актуелен градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски осврнувајќи се на бојкотот на маркетите.

„Што ви реков?
Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња. Трн во око им се маркетите. Седум големи маркети прават вкупен промет од 900 милиони евра, и сите заедно имаат добивка од 32 милиони евра. Тоа е некаде околу 3,5% добивка, профит од целокупниот промет.
Комерцијална банка, Тутунска банка и Стопанска банка имаат вкупен промет од 380 милиони евра, а добивка 191 милион евра. Изразено во релативни бројки (проценти) тоа е над 50% добивка, профит од вкупниот промет.
Внимавајте! Овде зборуваме само за три банки. Сите заедно прават над 230 милиони евра заработка за изминатата 2024 година.
Баба лаже, трап не лаже!
Прашања до премиерот:
Маркетите дали користат кредити од банките?
Плаќаат ли провизии и други банкарски услуги? Транспортерите, производителите, итн… граѓаните земаат ли кредити?
Плаќаат ли провизии, услуги за обработка на кредити, услуги за опомени и уште што ти не? “, прашува во напишаното Јакимовски.

На надлежните им порачува да се зафатат со причините.

„Ве молам зафатете се да решавате вистински проблеми и удрете по причините, а не по последиците. Цените во маркетите се последица, а не причина за растот на цените“, пишува Јакимовски.

Текстот Јакимовски: Трн во око им се маркетите, Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња е превземен од МАКФАКС.