МВР соопшти дека попладнево околу 17 часот на граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Н.А. (38) од Скопје, под сомнение за сторено кривично дело убиство.

Според МВР, денеска околу 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во семејната куќа во Скопје, Н.А. со остар предмет и нанел повреди на неговата сопруга Р.А., од кои таа починала, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Н.А. избегал, но веднаш се преземени мерки и активности за негово пронаоѓање и околу 17 часот тој е лишен од слобода и во координација до јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава.