Европската унија „ќе почне да пропаѓа“ доколку не ја оспори одлуката на врховниот суд на Полска дека националното законодавство ги надминува европските закони, изјави еврокомесарката Вера Јурова, задолжена за вредности и транспарентност во Европска комисија. Уставниот трибунал на Полска во минатата недела донесе пресуда против централниот принцип на европската интеграција, заострувајќи го спорот околу фундаменталните вредности меѓу евроскептиците кои владеат во Варшава и повеќето други членки на ЕУ. Повеќе од 100.000 луѓе протестираа во Полска во неделата за поддршка на ЕУ, алармирајќи дека се плашат оти нивната перспектива ќе биде напуштање на блокот или „Полексит“.
Advertisements