Јужна Кореја денеска објави дека до крајот на годината ќе набави 10.000 чипови за вештачка интелигенција, нагласувајќи дека фокусот на глобалната конкуренција во секторот се префрла од компаниите кон „националните иновациски екосистеми“.
Во мај минатата година, јужнокорејската влада објави пакет за поддршка од 26 трилиони вони (19 милијарди долари) за домашната индустрија за чипови, при што тогашниот претседател Јун Сук-Јол изјави дека приближно 17 милијарди вони ќе бидат канализирани преку државната развојна банка за да се поттикнат инвестициите во индустријата за полупроводници.
Јужна Кореја е дом на најголемите светски производители на мемориски чипови Samsung Electronics и SK Hynix, но заостанува зад некои ривали во области како што се дизајнот на чипови и договорното производство.
Околу 80 отсто од глобалниот удел на пазарот на графички процесори моментално го држи американската компанија Nvidia. Јужна Кореја моментално има само еден процент удел во глобалниот сектор за дизајн на чипови и многу заостанува во производството, истакнаа тогаш од кабинетот на претседателот.