По поразот од Сасуоло во минатото коло, италијанскиот фудбалски гигант Јувентус денеска загуби од Верона и запиша четврта 0 оваа сезона од 11 одиграни натпревари.
Не поминаа ни 15 минути игра а Верона дојде до водство од 2-0 со два гола на Симеоне.
Јувентус се мачеше да се врати во игра, тоа се случи дури во 80. минута кога Мекени постигна гол за 2-1, но тимот на Алегри не успеа да погоди уште еднаш.
Јувентус во моментов е на 9. место на табелата во Серија А, со можност да падне и позиција подоле доколку Сасуоло утре не загуби од Емполи.