Никола Јокиќ изјави дека поразот од САД на ланските Олимписки игри во Париз е најголемиот во неговата кариера, пренесоа американските медиуми.
Јокиќ потсети на полуфиналето на Олимписките игри во Париз, каде Србија беше поразена од селекцијата на САД со 95:91.
„Секогаш велам дека тоа беше најтешкиот пораз во мојата кариера. Беше интересен натпревар, се чувствував како сите да навиваат за нас, бидејќи сме толку мала земја. Не сум сигурен дали сакаа САД да загубат или ние да победиме“, изјави Јокиќ на прес-конференцијата во Сан Франциско, каде што кошаркарот на Денвер ќе игра на Ол-стар натпреварот.
Јокиќ го коментираше и трансферот на словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ од Далас во Лос Анџелес Лејкерс.
„Мислам дека Лука е генерациски талент. Не велам дека тоа не е и Ентони Дејвис, но велам дека Лука е играч каков што немало порано. Кошаркар кој влијае на играта на многу нивоа, со многу поседи. Градеше нешто во Далас, мислам дека беше повреден. Ако на таков начин „трејдувате“ таков играч тогаш тоа станува голем проблем бидејќи играчите го сфаќаат тоа лично.“
Текстот Јокиќ: Поразот од САД на ОИ во Париз најтежок во кариерата е превземен од МАКФАКС.