Никола Јокиќ ги сподели своите размислувања за кошарката, семејството и животните вредности во емисијата „Патот кон златото“ во продукција на Денвер Нагетс.
Патот на Јокиќ до врвот во НБА беше сè само не обичен. Тој беше избран како 41. пик на драфтот во 2014 година, а моментот кога беше прочитано неговото име остана запаметен по една необична сцена, преносот беше прекинат со реклама за американскиот ланец за брза храна „Тако Бел“.
„Мислам дека никогаш не сум јадел „Тако Бел“ само поради таа причина“, искрено призна Јокиќ.
Својата позиција на драфтот ја спореди со коњски трки, што е негова голема страст.
„Знаете, во коњските трки ги има сите овие бројки од 1 до 12. Има добри бројки, има и лоши бројки, но имам пријател кој ми рече дека не постои нешто како лош број, има само добар коњ и лош коњ. Значи, без оглед на околностите, добриот играч секогаш го наоѓа својот пат“.
Во текот на разговорот Јокиќ говореше за играчите кои влијаеле на неговиот стил на игра и развојот на кариерата.
„Кога растев, Реѓа Стојаковиќ и Владе Дивац беа во НБА лигата. Тука беа Меџик Џонсон, Мајкл Џордан, Шек и сите тие ликови. Беа Коби и Леброн…Но морам да кажам и Тим Данкан, Дирк Новицки, го сакам Трејси Мекгрејди, мислам дека беше исклучително талентиран кошаркар, единствен, никој не можеше да го чува. Никогаш не сум го спомнал, но ајде ќе кажам Трејси Мекгрејди“.
На прашањето каква порака би испратил на помладата верзија од себе, Јокиќ даде едноставен, но длабок одговор.
„Прави се. Прави се што не сакаш да правиш затоа што мислеше дека не е добро. Секогаш се каеш најмногу во животот поради работите што не си ги направил. Прави што било. Јади, пиј, оди некаде, прави нешто… Се’”.
Јокиќ истакна колку му значи семејството и колку ја почитува улогата на сопругата Наталија во воспитувањето на нивните деца.
„Навикнат сум на фактот дека 1+1 не се секогаш два. Да се има семејство е голема среќа, голема радост, многу убави спомени. Тоа е 24-часовна работа, особено за мајката. Можам да избегам и да играм на гости, но мајките практично имаат 24-часовна работа. Многу сум среќен и благодарен што ја имам Наталија, нејзината работа е најважна во светот”.
Тој особено инсистира неговите деца да учат српски.
„Постарото дете оди во училиште каде што е англискиот е главен јазик. Мојот внук и внука се од тука, нивната мајка е од Америка. И тие зборуваат англиски. Моето мислење е дека треба да ги научам децата да зборуваат српски. Тие треба да зборуваат српски. Мислам дека тоа е нешто што е многу важно“.
Текстот Јокиќ: Мекрејди влијаеше на мојот стил на игра е превземен од МАКФАКС.