Јирген Клоп потврди дека во летниот преоден рок ќе се случи поголем ремонт во тимот на Ливерпул. Клоп му донесе многу успеси на Ливерпул, со него станаа и европски и англиски шампиони, но оваа сезона се во лоша форма, нема да успеат да дојдат до место кое води во Лигата на шампионите.
Германецот е подготвен да сврти нов лист и да се ослободи од добар дел од сегашните играчи кои ќе ги замени со нови засилувања.
„Ќе бидеме активни на трансфер пазарот. Треба да ги донесеме вистинските фудбалери. Овој тим испиша сензационална приказна, но сега почнуваме нова“, вели Клоп.