Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави дека очекува американската економија да забави во наредните месеци, но дека рецесијата може да се избегне.
Advertisements
„Очекувам економијата да забави. Веќе некое време расте многу брзо, економијата закрепна, како и вработеноста. Очекувам транзиција кон редовен и стабилен раст. Мислам дека рецесијата не е неизбежна“, рече Јелен.
Таа наведе дека вкупната потрошувачка во САД останува силна со промената на моделите на потрошувачка, поради зголемувањето на цените на храната и електричната енергија.
Министерката изрази отвореност и за намалување на данокот на гориво. Таа додаде дека ќе бидат потребни „среќа и вештини“ за да се намали инфлацијата додека се одржува ниската невработеност. „Верувам дека тоа е можно“, рече Јелен.
Американската централна банка го одобри во средата најголемото зголемување на каматните стапки во последните 25 години, со цел да се запре растот на инфлацијата.