Јелена Розга за хрватските медиуми проговори за кариерата и приватниот живот.
Пејачката во интервју за Вечерњи.хр се осврна на изминатата година, истакнувајќи ја како успешна.
„И во однос на кариерата и во емотивната смисла, изминатата година беше бајка за мене. Една од најубавите и секако најуспешните во мојот живот, а тешко ми е да издвојам само една бидејќи сè се преплетуваше и се поклопуваше прекрасно”, вели таа.
Розга потоа откри колку е тешко да се избалансираат приватните и работните обврски.
„Не ми е тешко, ова не е работа во која приватното и деловното се строго разделени, мојата работа е мојот живот, приватен и професионален. Сето тоа се испреплетува и се надополнува и никогаш не сум целосно исклучена, секогаш нешто планирам и смислувам. Се разбира, ми требаат моменти на мир, да ги наполнам батериите, а сакам и да патувам, па секој момент кога сум ослободена од обврски и настапи, патувам, најчесто е јануари кога се некако се смирува“, додаде таа.
Текстот Јелена Розга за деловниот и емотивниот живот: Минатата година ми беше бајка е превземен од МАКФАКС.