Јапонија денеска потпиша договор вреден 10 милијарди австралиски долари за изградба на воени бродови од следната генерација за Австралија, што претставува најзначајна продажба на јапонска одбранбена технологија од укинувањето на забраната за извоз на воена опрема во 2014 година — чекор што го оддалечува Токио од поствоениот пацифизам.

Според договорот, компанијата Mitsubishi Heavy Industries од 2029 година ќе ѝ испорачува на Кралската австралиска морнарица надградени повеќенаменски фрегати од класата Mogami.

Овие високо автоматизирани воени бродови, дизајнирани за лов на подморници, напад на бродови и противвоздушна одбрана, ќе можат да се управуваат со само 90 морнари — помалку од половина од екипажот потребен за сегашните бродови.

Австралија планира да ги распореди новите бродови за одбрана на клучните поморски трговски рути и северните морски подрачја кон Индискиот и Тихиот Океан, каде што Кина сè повеќе ја зголемува својата присутност и активности.

Текстот Јапонија ќе гради високо автоматизирани воени бродови за Австралија е превземен од МАКФАКС.