Јапонија денеска изрази сериозна загриженост поради објавеното испраќање севернокорејски војници во Русија за потенцијално учество во војната во Украина.
Главниот секретар на кабинетот Јошимаса Хајаши, исто така, рече дека неодамнешното продлабочување на воената соработка меѓу Северна Кореја и Русија е загрижувачко, со оглед на неговото влијание врз безбедноста на регионот околу Јапонија.
„Владата со сериозна загриженост го следи испраќањето на севернокорејски трупи во Русија, вклучително и можноста војниците да учествуваат во руската инвазија на Украина“, рече Хајаши, пренесува Кјодо.
Тој додаде дека е длабоко загрижувачки што неодамнешниот напредок во продлабочувањето на воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја ќе ја влоши ситуацијата во Украина и ќе влијае на безбедноста на регионот околу Јапонија.
Јапонија ќе работи со други земји за да донесе мир во Украина во најкус можен рок на „фер и траен начин“, нагласи Хајаши, пренесува Танјуг.
Севернокорејски војници влегоа во западниот руски регион Курск во близина на украинската граница по завршувањето на обуката, соопшти Украина во четвртокот.
Рускиот претседател Владимир Путин не негираше дека севернокорејски војници биле испратени во Русија, како што тврдат владите на САД и Јужна Кореја врз основа на сателитски снимки и други разузнавачки податоци, пренесуваат медиумите.
Текстот Јапонија сериозно загрижена за испраќањето севернокорејски војници во Русија е превземен од МАКФАКС.