Јанис Тима, на 17 декамври минатата година беше пронајден мртов во хостел во Москва. Кошаркарот оставил проштална порака на својот моблен телефон поради што случајот беше прогласен за самоубиство.
Сепак како што пишуваат медиумите во Латвија, се случил пресврт во случајот. Наводно, полицијата и обвинителството ги истражуваат наводите дека неговата поранешна сопруга Ана Седокова го нарачала неговото убиство.
Јанис Тима беше пронајден мртов на 17 декември минатата година во Москва. Првично се веруваше дека кошаркарот извршил самоубиство затоа што покрај неговото тело била пронајдена белешка на која пишувало „Јави се Ана“, но и поради деталите дека оставил порака на објавата на својата поранешна сопруга на Инстаграм претходната вечер со неговиот датум на раѓање и денот на неговата смрт.
Тогаш медиумите пишуваа дека неговата поранешна сопруга ќе ги плати трошоците за погребот, но неколку дена подоцна пристигна информација дека никој не се јавил за да го преземе телото од мртовечницата.
Сега порталот „Championat.com“ носи сосема поинаква приказна.
Овој портал тврди дека на телеграмскиот канал „Маш“ кружи изјава на Марко Пугачев, пријателот на Тима, кој рекол дека станал сведок во истрагата за убиството на кошаркарот.
„Пријателот на кошаркарот Марк Пугачев ни кажа дека тој стана сведок во случајот и ќе сведочи против Ана Седокова. Наводно, таа е таа што го организирала и нарачала убиството на Тима, а сето тоа поради неговиот имот и становите шти ги купил во Москва за 180 милиони рубљи“, објави каналот „Маш“.
Текстот Јанис Тима не се самоубил, поранешната сопруга наводно го нарачала убиството? е превземен од МАКФАКС.